Не е лесно да се пронајде вистинската машка деловна облека, со која ќе оставите импресивен прв впечаток, без оглед дали се подготвувате за интервју за работа, бизнис-сотанок или за некаква вечерна прилика.

За да ви помогнеме при изборот, ние прошетавме низ продавниците наместо вас и откривме место каде што на едно место ќе купите сè што ви треба за комплетен елегантен изглед. Најдоброто во целата приказна е што со оваа облека за која сакаме да ви раскажеме, никогаш нема да треба да кажете нешто за себе  – едноставно Gabbiacci моделите зборуваат наместо вас.

Gabbiacci мажот е џентлмен, кој знае што сака. Се однесува како џентлмен, се облекува како џентлмен. Сака луксуз, сака да биде забележан и запамтен. Тој е самоуверен, храбар и сака да експериментира. Gabbiacci мажот знае дека трендот е променлив, а стилот е траен и личен печат. Облеката и модните детали на овој италијански бренд за луксузна облека совршено им одговараат на џентлмени што сакаат да изгледаат деловно и истовремено ги следат модните трендови.

Дизајнирани се и изработени по највисоки стандарди за клиенти што сакаат да се облекуваат луксузно, но и удобно.  Костуми, палта, панталони, сакоа, кошули, џемпери и пуловери, чевли и различни модни детали, најдобрите вратоврски што може да ги замислите, игли за вратоврски… – сите зрачат со италијански стил и шарм во кои мажите се пронаоѓаат, а жените тешко им одолеваат. Современите колекции се дизајнирани во комплементарни концепти како regular-fit или slim-fit и изработени се со врвен квалитет. Токму тоа е клучот за импресивен изглед кај секој маж.  Сето ова ќе го пронајдете во новата колекција есен-зима, која веќе пристигна во нивната продавница во ГТЦ на приземје, од страната на Жена-парк. Посетете ги и ќе се уверите дека со Gabbiacci навистина не е потребен опис.