Дадар – ново заштитно лице на луксузниот италијански бренд Gabbiacci

Познатиот македонски стилист Александар Билјановски-Дадар е новото заштитно лице на луксузниот италијански бренд на машка облека – Gabbiacci.

Дадар се појавува во новото видео на омилениот бренд на мажите кои се грижат за својот изглед. Пораката на спотот е едноставна „Style has a new name“, односно новото име за стил е – Gabbiacci.

– Gabbiacci мажот е џентлмен, а токму тоа е и Дадар. Нашите кроеви совршено им прилегаат на неговото држење и став и сосема природно тој се наметна како избор за наш нов бренд-амбасадор. Очекуваме долга и успешна соработка – велат од „Gabbiacci”.

Во видеото се појавува и светскиот патник Борко Наумовски, кој исто така е фан на Gabbiacci. Интересно е што во претходниот период како заштитно лице на италијанскиот бренд се појавуваше фудбалерот Дарко Глишиќ.

Од Gabbiacci велат дека им е задоволство да ги облекуваат јавните личности и потенцираат дека посебно ѝ се радуваат на новата соработка со Дадар.

Луксузните парчиња облека под етикетата Gabbiacci се првиот избор на сите што бараат префинета облека за деловен изглед. Дизајнирани се и изработени по највисоки стандарди, за клиенти што сакаат да се облекуваат луксузно, но и удобно.  Костуми, палта, панталони, сакоа, кошули, чевли, висококвалитетни вратоврски и фуларди, игли за вратоврски и други модни додатоци. Во сите нив е препознатлив италијанскиот стил и шарм во кои мажите се пронаоѓаат, а на кои жените тешко им одолеваат. Современите колекции се дизајнирани во комплементарни концепти како regular-fit или slim-fit и изработени се со врвен квалитет. Токму тоа е клучот за импресивен изглед кај секој маж што во облеката бара луксуз и сака да биде забележан и запамтен.

За сето ова многу „гласно“ зборува и актуелната колекција пролет-лето која веќе е достапна во продавницата во Гратскиот трговски центар, на приземје, спроти Жена-парк.